Долгорочниот буџет на Еу би можел да се соочи со „значајна дупка“ доколку државите членки не постигнат договор за нови приходи од даноци, додека трошоците за сервисирање на заедничкиот европски долг продолжуваат да растат, предупреди Европскиот ревизорски суд.

Проценката на европскиот ревизорски суд се објавува во момент кога државите членки се длабоко поделени околу вкупната големина на буџетот на ЕУ и начинот на неговото финансирање, додека настојуваат до крајот на годината да постигнат договор за буџетот за период од 2028-2034 година.

Европската комисија претходно предупреди дека буџетот на ЕУ би можел да биде намален за 40 насто, доколку државите членки не постигнат договор за новите приходи на ЕУ и одбиваат да ги зголемат националните придонеси.

Долгот на ЕУ за 2025 изнесува 739,8 милијарди евра, во споредба со долг од 600 милијарди евра една година претходно.

Слични новости

Цената на нафтата пред втор последователен раст од шест насто

Цената на нафтата пред втор последователен раст од шест насто

Цената на сировата нафта и вчера порасна на берзите и се наоѓа пред втор последователен неделн пораст од 6 насто. Американската сирова нафта ВТИ се движеше околу 87 долари за барел, а сверноморската нафта Брент беше на нивото од околу 94 долари за барел, пренесува Трејдинг економикс.