Околу 10.000 патници ја минале македонско-грчката граница кај Гевгелија во последните 24 часа и се упатиле на продолжен викенд во Грција. Најголемиот дел од нив поминале вчера во попладневните и вечерните часови. Според македонските гранични служби отворени биле сите шалтери за влез во Грција и задржувањето не е подолго од пет минути.

Од денеска Веропската Унија почнува да го применува ЕЕС системот за контрола на влез и излез од унијата за патници кои не се членки на ЕУ. Станува збор за нов, модерен дигитализиран систем кој ги опфаќа датумот на влез и излез, обработка на биометриски податоци.

Од денеска транзициониот период завршува а сите надворешни гранични премини на ЕУ функционираат исклучиво со дигитална евиденција. Со тоа очекуваат да се подобри контролата на престој за граѓани надвор од унијата, но и поголема безбедност.

 

Слични новости

Зголемувањето на минималната плата на 600 евра ќе затвори многу дуќани, реагираат занаетчиите

Зголемувањето на минималната плата на бараните 600 евра ќе предизвика затворање на голем број на занаетчиски дуќани и отпуштање вработени, предупреди денеска Занаетчиската комора – Скопје.