Системот „Безбеден град“ и повисоките казни за прекршоци веќе даваат резултати. На првиот ден од официјалното функционирање на системот регистрирани се околу 500 сообраќајни прекршоци, што е огромно намалување во однос почетокот на тест периодот. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека ваквиот пад е позитивен сигнал.
„Имаме значително намалување на бројот на сообраќајни прекршоци во споредба со пред два месеца кога започна тест-периодот. Од над 120.000 прекршоци, сега имаме околу 500 констатирани од паметните камери. Граѓаните се тие што го намалија бројот на повредени лица за околу 35 отсто на територија на СВР Скопје, како и бројот на смртни случаи од 11 на четири“, изјави Тошковски.
Тој додаде дека резултатите за само неколку часа покажуваат дека и во Македонија можат да се применат европски стандарди со соодветен пристап
Слични новости
Мемов: Во Македонија на 1,64 вработен има еден пензионер
Државата треба да го стимулира плаќањето придонеси за да имаме стабилен пензиски систем, изјави директорот на Фондот на ПИОМ, Никола Мемов за ТВ Телма.
Следува период на променливо и постудено време
Поради продор на постуден воздух од север на планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Од четврток утринските температури наместа ќе се спуштаат под нула степени.
Пратениците ќе одлучуваат за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика
Собранието денеска треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски.


