Системот „Безбеден град“ и повисоките казни за прекршоци веќе даваат резултати. На првиот ден од официјалното функционирање на системот регистрирани се околу 500 сообраќајни прекршоци, што е огромно намалување во однос  почетокот на тест периодот. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оцени дека ваквиот пад е позитивен сигнал.

„Имаме значително намалување на бројот на сообраќајни прекршоци во споредба со пред два месеца кога започна тест-периодот. Од над 120.000 прекршоци, сега имаме околу 500 констатирани од паметните камери. Граѓаните се тие што го намалија бројот на повредени лица за околу 35 отсто на територија на СВР Скопје, како и бројот на смртни случаи од 11 на четири“, изјави Тошковски.

Тој додаде дека резултатите за само неколку часа покажуваат дека и во Македонија можат да се применат европски стандарди со соодветен пристап

Слични новости

СДСМ : Мицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон

СДСМ : Мицкоски како уличар и се заканува на опозицијата со прогон

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со неговите јавни изјави за можни идни судски процеси против поранешни функционери на опозицијата испраќа политички пораки и врши притисок врз правосудството.