Порториканската ѕвезда Бед Бани и аргентинското хип-хоп дуо Ca7riel & Paco Amoroso освоија по пет латино Греми награди во Лас Вегас во четвртокот, зацврстувајќи го Бед Бани како гигант во музичката индустрија и ставајќи го помалку познатото дуо во центарот на вниманието.
Бед Бани ја освои наградата за албум на годината за „Debi Tirar Mas Fotos“, импресивна мешавина од стилови од афро-карипски ритми до салса, што му донесе 12 номинации.
Наградите дополнително го зајакнуваат неговиот углед пред неговото пошироко претставување во Америка и глобалната публика како изведувач на полувремето на Супербоул во февруари, избор што ги налути некои американски традиционалисти, вклучувајќи го и претседателот Доналд Трамп, кој рече дека „никогаш не слушнал за Бед Бани“.
Триесет иедногодишниот Бед Бани, чие вистинско име е Бенито Антонио Мартинез Окасио, исто така, доби шест номинации за „редовните“ Греми награди, кои ќе бидат доделени на 2-ри февруари, вклучително и во главните категории за плоча, песна и албум на годината. Тој беше првиот латино изведувач кој беше номиниран во сите три главни категории во истата година.
Со освојувањето на категоријата албум на годината, Бед Бани ги победи музичките великани како Шпанецот Алехандро Санц и кубанската Глорија Естефан.
Во септември, НФЛ објави дека Бед Бани ќе биде главен изведувач на полувремето на Супербоул на 8-ми февруари 2026 година, веројатно станувајќи првиот таков изведувач кој ќе настапи целосно или претежно на шпански јазик. Во 2020 година, тој се појави како гостин на полувремето на шоуто што го водеа Џенифер Лопез и Шакира, дополнително поттикнувајќи го неговиот метеорски подем.
Иако НФЛ го прифаќа музичкиот жанр – и парите што доаѓаат со него – прекинот со традицијата беше лошо прифатен од некои фанови, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, кој го нарече изборот на Бед Бани „тотално смешен“.
„Никогаш не сум слушнал за него. Не знам кој е тој. Не знам зошто го прават тоа – тоа е, како, лудо“, изјави Трамп за Newsmax во октомври.
Бед Бани, кој ја критикуваше агресивната политика на Трамп за спроведување на имиграциските закони, ја поддржа неговата противничка Камала Харис на изборите во 2024 година.
„Брат, ова е секогаш посебен момент за мене. И сум исто толку нервозен како и првиот пат. Тоа значи дека ми е грижа за тоа што правам“, рече Бед Бани, кој освои вкупно 12 латино Греми награди последниве години.
Слични новости
Претседателот Доналд Трамп ќе биде во улога на шоумен и домаќин на церемонијата на доделување на почесните награди во Кенеди центарот
Сум ги гледал досегашните водители. Ако не можам да го надминам Џими Кимел во талентот, тогаш и не заслужувам да бидам претседател, изјави Трамп.
Зоотопиа 2 се приближува до заработка од една милијарда долари
Анимацискиот феномен на студиото Волт Дизни „Зоотопиа 2“ надвор од САД стана најсупешниот филм оваа година со заработка од дури 695,3 милиони долари за две недели прикажување.
Хоророт „Петте ноќи кај Фреди“ прв на американскиот Бокс Офис
Секвелот на Блумхаус хорор филмот „Петте ноќи кај Фреди“ викендов заработи 63 милиони долари на кино благајните во САД, што е најдобро отварање на филм во викенд по празничниот продолжен викенд за Денот на благодарноста.


