Американскиот претседател Џо Бајден во средата наполни 82 години, возраст до која ниту еден друг челник на Соединетите држави досега не ја достигнал.
Претседателот немаше јавни настани во неговиот календар во средата, откако се врати од патувањето во Јужна Америка доцна во вторникот вечерта.
Семејството, пријателите и колегите, вклучително и првата дама Џил Бајден и поранешниот претседател Барак Обама, му оддадоа почит на социјалните мрежи.
„Среќен роденден на мојот драг пријател и нашиот неверојатен претседател Џо Бајден“, објави на Х неговата потпретседателката Камала Харис која на ноемвриските избор имаше неуспешен обид да го замени во Белата куќа.
Бајден се повлече од претседателската трка во јули поради тоа што кај гласачите преовладуваше уверувањето дека е премногу стар и се сомневаат во неговиот ментален капацитет.
Републиканецот 78-годишниот Доналд Трамп ја победи демократската кандидатка, потпретседателката 60-годишната Камала Харис на изборите на 5 ноември. Трамп така би требало да го надмине возрасниот рекорд на Бајден во неговиот следен мандат, бидејќи тој ќе има 82 години и седум месеци на крајот од неговиот мандат во 2029 година.
Роналд Реган претходно го држеше рекордот за најстар претседател, завршувајќи го својот втор четиригодишен мандат на 77-годишна возраст.
Слични новости
Значително јакнење на кинеско-бразилските односи
Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот бразилски колега по должност и домаќин Луис Инасио Лула да Силва во средата ги подигнаа дипломатските односи на повисоко ниво и склучија договори за инфраструктурата, енергијате и земјоделството, зацврстувајќи ги врските меѓу двете најголеми светски економии во развој
Какви се изгледите за мировен договор меѓу Русија и Украина
Анкетите покажуваат дека идејата за мировни преговори со Русија почнува да наидува на одобрување меѓу луѓето, дури и ако тоа значи загуба на територии во тој процес. Според анкетите, се повеќе Украинци се залагаат за мировни преговори, а намалена е и бројката на оние што се уверени дека на крај Украина ќе победи во војната.
Путин е подготвен да преговара за мир во Украина со Трамп, според извори
Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да разговара за примирје во Украина со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, но ја отфрла можноста за територијални отстапки и нагласува дека Киев мора да се откаже од своите амбиции за членство во НАТО, изјавија пет извори за Reuters