Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ги укина ограничувањата што досега ја спречуваа Украина да користи американско оружје за да изврши напади длабоко на руска територија, изјавија три извора запознаени со ова прашање, што означува значителна промена во американската политика во конфликтот меѓу Украина и Русија, пишува во неделата Reuters.
Украина планира да ги изврши првите напади со долг дострел во наредните денови, велат изворите, без да наведат детали од безбедносни причини.
Белата куќа одби да коментира.
Потегот на Соединетите држави, нешто повеќе од два месеца пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да стапи на должност на 20. јануари, доаѓа по неколкумесечните барања на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ѝ се дозволи на украинската војска да користи американско оружје за удари врз наводно воени цели длабоко на територијата на Русија.
Ваквиот чекор Бајден го презел по веста за наводното распоредување на севернокорејски војници на страната на Русија, која ги вознемири и Киев и Вашингтон.
Според изворите, првите длабоки удари најверојатно ќе бидат изведени со помош на ракети ATACMS, кои имаат дострел до 300 километри.
Иако некои американски официјални лица изразија сомневање дека овластувањето за употреба на оружје со долг дострел ќе го промени текот на војната, одлуката може да ѝ помогне на Украина, бидејќи руските сили се повеќе напредуваат на бојното поле, како и го ставаат Киев во подобра преговарачка позиција кога а доколку се преговара за прекин на огнот.
Не е јасно дали Трамп ќе ја промени одлуката на Бајден кога ќе ја преземе функцијата. Новоизбраниот претседател долго време го критикуваше обемот на американската финансиска и воена помош за Украина и вети брз крај на војната, без да објасни како.
Сепак, некои републиканци во Конгресот го повикаа Бајден да ги олабави правилата за тоа како Украина може да го користи оружјето што и е дадено од САД.
Уште во октомври портпароолот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека во Москва сметаат дела западните земји кои ја снабдуваат Украина со оружје веќе донеле решение за напад со ракетите ATACMS со долг дострел врз цели длабоко на руска територија, и предупреди дека Русија „соодветно ќе одговори“ доколку САД го одобрат користењето на нивното оружје за таквите напади.
Русија предупреди дека ќе го смета потегот за лабавување на ограничувањата за употребата на американско оружје од Украина како голема ескалација. Москва предупреди дека за лансирање на ваквите ракети неопходно е присуство на теренот на специјалисти за манипулирање со таквите софистицирани системи, како и дека е неопходна сателитска поддршка за прецизно наведувани гаѓања што на Киев може само да му ја овозможи НАТО, што претставува опасна ескалација и вовлекување директно во судирот.
Слични новости
Значително јакнење на кинеско-бразилските односи
Кинескиот претседател Си Џинпинг и неговиот бразилски колега по должност и домаќин Луис Инасио Лула да Силва во средата ги подигнаа дипломатските односи на повисоко ниво и склучија договори за инфраструктурата, енергијате и земјоделството, зацврстувајќи ги врските меѓу двете најголеми светски економии во развој
Бајден наполни 82 години и стана најстариот американски претседател на должност
Американскиот претседател Џо Бајден во средата наполни 82 години, возраст до која ниту еден друг челник на Соединетите држави досега не ја достигнал
Какви се изгледите за мировен договор меѓу Русија и Украина
Анкетите покажуваат дека идејата за мировни преговори со Русија почнува да наидува на одобрување меѓу луѓето, дури и ако тоа значи загуба на територии во тој процес. Според анкетите, се повеќе Украинци се залагаат за мировни преговори, а намалена е и бројката на оние што се уверени дека на крај Украина ќе победи во војната.