Хари Кејн е цел на Барцелона, објави денеска британскиот весник Гардијан. Весникот пишува дека Кејн е првата желба на списокот на Барцелона на местото на Роберт Левандовски кому на крајот од сезоната му истекува договорот и си заминува од клубот.

Барцелона сака да го доведе Хари Кејн од Баерн Минхен една година пред истекување на договорот на Кејн со Баварците.Баерн Минхен има ставено откупна клаузула од 65 милиони евра на договорот за кејн, а Барцелона е подготвена да го плати обештетувањето.

Кејн е пет години помлад од Левандовски, оваа сезона игра одлично во Баерн и се смета дека и натаму е еден од најдобрите центарфори во Европа. Кејн дојде во Баерн во летото 2023 за 95 милиони евра. Досега одигра 113 натпревари за Баерн на кои постигна 108 голови со 29 асистенции.

 

 

Слични новости

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Нов кикс на Реал во Ла Лига

Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0