Барцелона е подготвена да му понуди договор на Роберт Левандовски за уште една година. Каталонските медиуми пишуваат дека управата на Барцелона решила на Левандовски да му понуди нов договор.

Сепак, во новиот договор Левандовски би требало да се согласи на намалена минутажа, односно да биде план Б во нападот, како и намалување на платата за 50 проценти.

Левандовски во моментов има највисока плата во Барцелона, па во клубот очекуваат тој да се согласи на значајно намалување на платата. Левандовски претходно најави дека со семејството ужива во Барцелона и дека не би сакал да се сели.

Слични новости

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Ентони Едвардс МВП на Ол -стар натпреварот

Тимот на американските ѕвезди победи на ревијалниот Ол-стар натпревар на НБА со победа во финалето против тимот на американските линии со резултат 47:21, а Ентони Едвардс беше избран за МВП.