Фудбалерите на Барцелона денеска ќе го одиграат својот прв меч на стадионот „Камп ноу“ против Атлетик Билбао, по пауза од две и пол години што претставува вистински празник за фудбалските навивачи од овој град.

„Камп ноу“ се реновираше од летото 2023, а враќањето на Барцелона на нивниот матичен стадион беше досега неколку пати пролонгирано од безбедносни причини.

„Камп ноу“ сеуште не е во својот целосен капацитет, бидејќи во првата фаза на него ќе може да присуствуваат 45 000 гледачи, а до крајот на сезоната капацитетот ќе се зголеми на 67 000. Работите на стадионот целосно ќе бидат завршени во 2007 кога на најголемиот стадион во Европа ќе може да присуствуваат 105 000 навивачи.

Слични новости

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Харден десетти најдобар стрелец во НБА

Џејмс Харден се проби меѓу десетте најдобри стрелци на сите времиња во НБА лигата, но неговите 34 поени не беа доволни синоќа да ги одведат неговите Лос Анџелес Клиперс до победа