Во 11-то коло од шпанското првенство, Барселона на домашен терен го победи Елче со 3:1, приближувајќи се до лидерот Реал Мадрид на заостанување пет бода.
Барса поведе во деветтата минута со голот на Ламине Јамал, а само две минути подоцна Феран Торес го зголеми водството. Рафа Мир ја намали разликата во 42. минута, но Маркус Рашфорд ги реши сите сомнежи со гол во 61. минута за резултат од 3:1.
Каталонскиот тим е втор со 25 бода, пет помалку од Реал и два повеќе од третопласираниот Виљареал. Елче е деветти со 14 бода.
Бетис беше убедлив против Мајорка, победувајќи со 3-0, а сите најинтересни работи се случија во првото полувреме.
Херој на натпреварот беше бразилскиот напаѓач Антони, кој ги постигна првите два гола (10, 34), а потоа му асистираше на Абдеу Езалзули (37).
Во првиот неделен натпревар од 11-то коло од шпанското фудбалско првенство, Селта Виго го победи Леванте со 2:1 на гостински терен, забележувајќи ја својата четврта последователна победа. Екипата од Виго го доживеа последниот пораз на 28 септември, губејќи во првенството од Елче со 1:2. По тој натпревар, забележа четири победи и три нерешени резултати
Левантен остана со играч помалку од 27. минута откако Унаи Венседор го сопре Илаикс Мориба со невнимателен старт. Судијата Алехандро Кинтеро првично му покажа жолт картон на домашниот играч од средниот ред, но откако го прегледа видеото, го испрати Венседор во соблекувалната.
Десет минути подоцна, Леванте промаши и пенал откако Ета Ејонг ја погоди десната статива. Казната стигна три минути подоцна кога Оскар Мингеза постигна одличен гол за гостите од 1:0. Домашниот тим успеа да израмни во 66. минута со голот на Кервин Ариага, но во првата минута од судиското продолжение на дуелот Мигел Роман им ја донесе победата на гостите.
Со новите три бода Селта се пласираше на 11-то место со 13 бода, додека Леванте е на 17-то место во Примера со девет бода.
Слични новости
Нов кикс на Реал во Ла Лига
Фудбалерите на Селта Виго ја постигнаа својата прва победа на мадридскиот фудбалски храм „Сантијаго Бернабеу“ по речиси 20 години откако го победија Реал со 2:0
Двата гола на Хојлунд го донесоа Наполи на врвот на табелата
Фудбалерите на Наполи се искачија на врвот на табелата во италијанското првенство со победата од 2:1 на домашен терен во последниот неделен натпревар од 14-то коло против Јувентус
Важни бодови за Кристал Палас во борбата за пласман во Лигата на шампионите
Фудбалерите на Кристал Палас скокнаа на четвртото место на табелата во англиското првенство со победата од 2:1 на гости против Фулам во вториот неделн натпревар од 15-то коло


