Фудбалерите на Барселона лесно го совладаа Реал Сосиедад со 4:0 на домашен терен во неделата во рамките на 26. коло од шпанската Ла Лига и повторно го преземаа првото место на табелата.

Дуелот кој започна со поништен гол на гостите од Сан Себастојан поради офсајд, натаму течеше полесно за Барселона откако ва 17. минута костинскиот стопер Елустондо беше исклучен откако запре опасна контра на домашните. Барселона со играч повеќе напаѓаше во бранови и на крајот убедливо победи.

Во првото полувреме стрелци беа Жерар Марин во 25. минута и Касадо во 29. минута, а стрелци беа Араухо и во 56. минута и Левандовски во 60. минута. Двоен асистент на натпреварот беше Дани Олмо.

Барселона сега е прва на табелата и има бод повеќе од Атлетико Мадрид, додека третопласираниот Реал Мадрид има три бода помалку. Реал Сосиедад остана деветти.

Во првиот натпревар од 26. коло во неделата, фудбалерите на Леганес остварија домашна победа совладувајќи го Хетафе со 1:0. Тоа беше, според сѐ што беше виденот, многу лош натрпевар а решавачкиот гол беше постигнат во 92. минута кога Диего Гарсија одлично реагираше и со удар „ножички“ погоди за три бода на својот тим.

Легенес ја постигна првата првенствена победа од средината на јануари. Леганес напредуваше за едно место и сега е 16-ти, додека Хетафе остана на 14-та позиција.

globe

Слични новости

ФИФА ќе разгледа еднократно проширување на 64 репрезентации за Светското првенство во 2030.

Светското фудбалско раководно тело ФИФА ќе ја разгледа можноста за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 селекции за да ја одбележи стогодишнината од спортскиот настан

Нејмар повикан во репрезентацијата по една година

Нејмар повикан во репрезентацијата по една година

Бразил го повика напаѓачот на Сантос Нејмар за квалификациите за Светското првенство овој месец против Колумбија и Аргентина по повеќе од една година, објави во четвртокот Бразилската фудбалска конфедерација