Во дербито на 28. коло на шпанското фудбалско првенство, Барселона ја надомести негативата од два гола на мадридскиот стадион „Метрополитано’ и го совлада домашниот тим Атлетико со 4:2.
Јулијан Алварез го доведе Атлетико во водство во 45. минута. Домашните го удвоија водството во 70. минута, кога Александар Сорлот постигна гол кој беше признат, иако на почетокот на акцијата играч на Атлетико со рака го прекина додавањето на Педри, од кое домашните создадоа контранапад.

Но, за помалку од половина час, тимот на Ханси Флик направи пресврт за победа. Најпрво во 72. минута Роберт Левандовски со брилијантен гол со левата нога ѝ ги врати надежите на Барселона, а во 78. минута Феран Торес со глава по центаршутот на Рафиња го совлада Јан Облак за 2:2.
Каталонците победија во судиското продолжение. Ламине Јамал упати удар од 18 метри во втората минута, а топката закачи еден од дефанзивците на Атлетико на патот кон голот, го смени правецот и го остави Јан Облак во празно без можност да го спречи погодокот. Пресвртот на Барселона го потврди Феран Торес во осмата минута од надополнувањето со својот втор гол на натпреварот.
Барселона со оваа победа стигна до 60 бода, исто колку и Реал Мадрид, но Каталонците се први поради подобрата гол-разлика, а имаат и еден натпревар помалку. Атлетико го доживеа четвртиот пораз, прв на домашен терен во Примера оваа сезона и остана на третото место со 56 бодови. Атлетик Билбао е четврти со 52 бодови.

Слични новости
Антоан Гризман ќе го напушти Атлетико
Најдобриот стрелец во историјата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман по крајот на сезоната ќе го напушти клубо
Ф1: Норис најбрз во Мелбурн
Британецот Ландо Норис од тимот на Мекларен е победник на првата трка од сезоната на Светскиот шампионат во Формула 1 возена во Мелбурн, Австралија.
Головите на Мбапе го вратија Реал на врвот
фудбалерите на Реал Мадрид успешно го одработија гостувањето кај Виљареал каде што забележаа победа од 2:1