Барселона бара левоног стопер од летото оваа година, а 28-годишниот Пау Торес од англискиот премиерлигаш Астон Вила се споменува како можно решение, објавија шпанските медиуми.
Кога Иниго Мартинез замина во саудиски Ал-Наср ова лето, левиот бек Жерар Мартин застана на позицијата централен бек. Во каталонскиот клуб го сметаат тоа за привремено решение, а досега Нико Шлотербак од Борусија Дортмунд и Марк Гуехи од Кристал Палас се споменуваа како можни засилувања.
Најновите информации велат дека „Блауграна“ е заинтересирана за Пау Торес, кој го носи дресот на Астон Вила од летото 2023 година. Левоногиот Торес е висок 192 см и технички е добро потјован, што е токму она што ѝ е потребно на Барса.
Во Астон Вила е стандарден првотимец и има договор со англискиот клуб до јуни 2028 година. Иако ужива голема доверба кај тренерот Унаи Емери во Астон Вила, шпанските медиуми тврдат дека Торес би бил подготвен да ја слушне понудата од Барселона.
Пред да дојде во Англија, играше за Виљареал и има 24 настапи за шпанската репрезентација.
Слични новости
ФИФА воведува посебна категорија влезници за мундијалот од 60 долари
Светската фудбалска асоцијација ФИФА во вторникот одговори на критиките за високите цени на влезниците за Светското првенство во 2026 година со воведување нова ценовна категорија од 60 долари, која ќе биде достапна за сите 104 натпревари, вклучувајќи го и финалето
ПСЖ треба да му плати отштета на Мбапе од 60 милиони евра
Фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен ќе мора да му плати на својот поранешен играч Килијан Мбапе 60 милиони евра во спорот околу неисплатени плати и бонуси, пред да замине во Реал Мадрид во 2024.
Панатинаикос го победи Фенербахче во Истанбул
Во 16-тото коло од Евролигата се одигра дербито во Истанбул каде што Панатинаикос како гостин го победи Фенербахче со резултат 81:77. Мечот беше тврд и драматичен од почетокот до крајот на натпреварот.


