Бараме правда, бараме одговорност од институциите за нашите деца кои загинаа во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Ова е само почеток на нашата борба, ќе се гледаме и на други места, порачаа семејствата на 62-та загинати млади луѓе на 16 март, од паркот на револуцијата во Кочани, каде што денеска го имаа четвртиот протестен марш „Задоцнета реакција“. Во тишина маршираа до општинската зграда, а таму на инспекторите им порачаа да излезат на терен и ги прашаа дали животите на нивните деца вредат повеќе од она што им е дадено.

Со сликите на своите деца кренати кон полициската станица во Кочани прашаа ако тие не се надлежни за безбедноста, тогаш кој е? – Но, и како што рекоа, дали имаат доблест да си ја признаат својата вина. Посочија дека секоја недела нивниот марш е уредно пријавен во МВР, во болница и во Пожарна и прашаа дали сопственикот на дискотеката „Пулс“ пријавил дека има концерт на групата ДНК таа ноќ.
Пред обвинителството, семејствата на загинатите млади луѓе од Кочани, од Штип, од Чешиново-Облешево, од Македонска Каменица, од Скопје и од Пробиштип, побараа барем некој од одговорните од МВР и обвинителството да излезат и да им кажат до каде е истрагата. Порачаа дека не се плашат, иако веќе имаат закани за она што го говорат на протестите.
На денешниот четврти протест главната порака на транспарентот беше „Дали требаше да ги убиете нашите деца, за да увидиме во каква корумпирана држава живееме“.
Слични новости
Села: Нема ништо лошо во средбите на Ахмети со Таравари, целиот албански политички фактор треба да се обедини
Јас сум информиран дека имало најмалку две или три средби на кои директно се сретнале Арбен Таравари и Али Ахмети, но нема ништо лошо во тоа, оцени денеска претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села
Гаши: Парламентарното мнозинство е стабилно без разлика на превирањата во ВРЕДИ
Собранискиот спикер, меѓу другото, вели дека парламентарните избори треба да се одржат во редовен термин, како и дека новиот закон за правична застапеност го очекува до крајот на месецот
Аукција на уметнички дела од хуманитарната изложба за настраданите во трагичниот пожар во Кочани
Одличен интерес покажаа учесниците на аукцијата на уметнички дела од хуманитарната изложба за настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“, што се одржа синоќа во Ценарот за култура „Бели мугри“ во Кочани