Банкротот на шведскиот производител на батерии „Northvolt“ во САД би можел скапо да ги чини и германската влада и сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн поради сомнителната отплата на заемите од државната развојна банка KfW.
Шведската компанија прогласи банкрот во САД, истакнувајќи дека ги исцрпила своите финансиски капацитети, со оценка на генералниот директор тогаш во оставка Ларс Ериксон дека им се потребни 1,2 милијарди долари за нормализирање на работењето.
„Ликвидноста на Northvolt стана критична“, наведе компанијта во барањето за стечај во Хјустон, додавајќи дека обезбедиле нов заем од 100 милиони долари за стечајната постапка, која менаџментот проценува дека треба да заврши до крајот на првиот квартал на 2025 година, со реструктуирање на бизнисот завршен.
Барањето за банкрот во САД ќе ѝ обезбеди на компанијата време да го организира и прошири своето работење, истовремено исполнувајќи ги обврските кон клиентите и добавувачите и на крајот да се позиционира на долг рок, соопшти тогаш компанијата.
Подружниците на „ Northvolt“ во Германија и во Северна Америка, со проекти во Германија и Канада, се финансираат одделно и ќе работат нормално, според соопштението издадено во последната седмица од ноември.
Шведската компанија гради фабрика за батерии во близина на германскиот град Хајде и доби заем од 600 милиони евра од државната развојна банка KfW. Гарантното земјиште подеднакво го делеше федералната влада и владата на Шлезвиг-Холштајн.
Според американскиот закон, доверителите на „Northvolt“ не можат да наплатат побарувања во процесот на реструктуирање, и покрај фактот што нејзините операции во Германија не се вклучени во американското барање за стечај.
Парите се исплатени на „Northvolt“ преку конвертибилна обврзница, исклучиво за изградба на фабрика во Германија, а шведската матична компанија не може да ги користи за други цели, соопшти германското Министерство за економија.
Федералната влада ќе го надомести на KfW износот плус поврзаните трошоци во декември, се вели во извештајот. Шлезвиг-Холштајн ќе обезбеди „контрагаранција“ за конвертибилна обврзница вредна 300 милиони евра и таа сума ќе ја плати на сојузната влада. Доколку реструктуирањето биде успешно, шведската компанија ќе ѝ ги врати заемот од 600 милиони евра и трошоците на германската држава.
Меѓутоа, минатата седмица беше објавен меморанду во кој беше наведено дека „Northvolt“ преговара да го продаде своето работење со батерии за тешката индустрија до крајот на годината, бидејќи нема доволно пари, а исто така ќе се откаже од производството на системи за складирање енергија.
Шведската компанија со забрзано темпо се обидува да ги „закрпи“ финансиите и го намалува обемот на работењето, кој во иднина би требало да се ограничи на производство на батериски ќелии. Првичниот план предвидуваше и производство на батерии за електрични возила и нивно рециклирање.
Во ноември, компанијата прогласи банкрот во САД и најави реструктуирање на своето работење, а сега веќе поранешниот извршен директор Ларс Карлсон рече дека им се потребни 1,2 милијарди долари. Во поднесувањето барање за заштита од доверителите според законот за банкрот на САД, компанијата наведе дека ќе се обиде да продаде одделот во рамките на „Northvolt Systems“ што произведува батерии за индустријата.
Операциите на „Northvolt Systems“ се концентрирани во Полска и ја вклучуваат централата „Northvolt Dwa“. Вредноста на трансакцијата не е позната, но извршниот директор на „Northvolt“ во заминување во ноември изјави дека само „Northvolt Systems“ работи во плус. Нејзините батерии се користат во дупчалки и во градежништвото за напојување машини како што се вилушкари, а ги купуваат компании како што се шведскиот производител на рударска опрема „Epiroc“ и финската инженерска група „Konecranes“.
„Northvolt“ разговараше околу два месеца за можна продажба на тој дел од работењето со „голема индустриска компанија“ што не ја именуваше во интерниот меморандум од 22 ноември до работниците, истакнувајќи дека тие сигнализирале успешен исход.
Разговорите се прелиминарни, но менаџментот напоменува дека ќе се обидат да се договорат со купувачот во наредните седмици, се вели во меморандумот. Доколку не најде купувач, компанијата ќе мора да го затвори тој дел од бизнисот, бидејќи од следната година повеќе нема да има пари за него, се наведува.
Запрашан за рокот до крајот на годината, портпаролот на компанијата „Northvolt Poland“ изјавил дека се оптимисти и очекуваат позитивен исход од разговорите.
Во американското барање за стечај, „Northvolt“, исто така, откри дека има намера да го затвори одделот за складирање енергија на „Northvolt Systems“. Одлуките за овие два дела од бизнисот се донесени независно од барањето за стечај во САД, наведе компанијата во писмото до вработените.
На почетокот на септември, „Northvolt“ објави дека има намера да бара стратешки партнери за работењето со системи за складирање енергија. Во вторникот, портпаролот рече дека не можат да најдат инвеститори. Затворањето на тој дел од бизнисот ќе резултира со отпуштање на околу 130 работници во Полска, објави компанијата.
Доколку успее да ги продаде двата сектора на „Northvolt Systems“, работењето на компанијата ќе се намали, повеќе или помалку, на фабриката за батерии во Скелефтеа и центар за истражување и развој во Вастерас, во близина на Стокхолм.Плановите на „Northvolt“ за изградба на фабрики за батерии во Германија и Канада најверојатно ќе бидат одложени, објави компанијата во последните седмици.
Слични новости
Европските берзи благо пораснаа пред одлуките на Fed
На европските берзи во средата претпладнето се тргува претпазливо, а берзанските индекси благо пораснаа пред одлуките и пораките на американската централна банка, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот
Доларот стагнира, нафтата поскапе
На девизните пазари вредноста на американскиот долар во претпладневното тргување во средата стагнира во однос на кошничката валути
Нов пад на индексите на Волстрит
Индексор Nasdaq се лизна од рекордното ниво, додека Dow Jones падна деветти ден по ред, што не е забележано од 1978 година.