Министертсвото за финансии на САД објави дека Банката на Америка е казнета со над 1,2 милијарди долари поради кршење на законот за спречување на перење пари, откако регулаторите утврдија дека банката со години не пријавувала сомнителни транскации вредни над 5 милијарди долари.
Министерството за финансии соопшти дека Банката на Америка го признала намерното кршење на прописите од Законот за банкарски тајни, како и пропустот навремено да ги пријави трансакците кои се означени како сомнителни, пренесуваат американските медиуми.
Казната е изречена откако регулаторите наведоа дека втората најголема банка во САД со години не ги решавала долгорочните проблеми во системот за перење на пари, нити ги пријавувала сомнителните финансики трансакции.
Слични новости
Продажбата на кинески електрични и хибридни автомобили расте благодарение на извозот
Продажбата на кинески возила на нова енергија која целосно ги опфаќа електричните автомобили, плаг-ин хибридите и возилата на хидроген, во јули порасна за 23,7 насто на 1,56 милиони возила.