Претседателите на Естонија, Летонија и Литванија го поддржаа полскиот предлог за заеднички надзор на Балтичкото Море од страна на морнариците на западните земји кои имаат балтички брег.
„Заедничките патроли ќе покажат дека дејствуваме, дека сериозно ја сфаќаме нашата одговорност и дека можеме да ја одбраниме нашата клучна инфраструктура“, рече литванскиот претседател Гитанас Науседа по разговорите со естонскиот претседател Алар Карис и летонскиот колега Едгарс Ринкевичс во литванскиот крајбрежен град Клаипеда.
Ринкевичс, исто така, рече дека ја поздравува идејата за набљудувачка мисија, имајќи предвид дека Балтичкото Море сѐ повеќе станува „место на загриженост“.
Но, во исто време го истакна високото ниво на неопходна координација и сложеноста на задачата.
„Не можеме да бидеме 100 проценти сигурни дека можеме да спречиме такви работи. Но, мораме да инвестираме што е можно повеќе во заштитата на нашата инфраструктура“, рече Карис.
Иницијативата доаѓа откако во ноември во Балтичкото Море беа оштетени два кабла со оптички влакна. Тоа е кабел меѓу Шведска и Литванија и еден меѓу Финска и Германија. Причината и во двата случаи останува непозната, а шведските власти истражуваат можна саботажа.
Науседа рече дека постои „прилично голема можност“ дека се работи за злонамерна активност. Засега, сепак, нема докази дека штетата е намерно направена.
Слични новости
Британија мора да разговара со сириските лидери, порача Стармер
Велика Британија мора да разговара со сириските лидери за да се осигура дека „она што следува е подобро“, рече британскиот премиер Кир Стармер по...
Најмалку 100 Севернокорејци загинале во борбите во Украина, тврди Сеул
Најмалку 100 Севернокорејци загинаа во декември борејќи се заедно со руските сили во Украина, изјави во четвртокот јужнокорејски пратеник, а слични извештаи доаѓаат од Киев и Вашингтон
Путин: Со Украина не е договорен мир поради „човекот со чудна фризура“
Претседателот на Русија, Владимир Путин, на традиционалната прес-конференција за крајот на годината, го обвини „човекот со чудна фризура“ дека и забранил на Украина да договори мир