Белгиските политички партии постигнаа договор за влада на широка коалиција доцна во петокот, по речиси осум месеци преговори по изборната победа на фламанската националистичка партија Нова фламанска алијанса (N-VА) извести локалниот медиум VRT News, пренесува Reuters.

Новиот лидер на фламанскиот сојуз, 54-годишниот Барт Де Вевер, се очекува да стане премиер и да ја предводи петпартиската коалиција во која ќе влезат демохристијаните и социјалистите од Фландрија и либералите и центристите од Валонија, од француско говорно подрачје.

Крајно десничарската партија Влаамс Беланг (Фламански интерес) е исклучена од преговорите за формирање влада, и покрај фактот што постигна најголемо зголемување на поддршката на изборите во јуни 2024 година и стана втора по големина политичка партија во Белгија.

Во земјата каде што федералните влади се традиционално коалициски влади, политичките партии постојано одбиваат да соработуваат со партијата Фламански интерес поради нејзиниот притисок за независна Фландрија, антиимигрантските ставови и критиките кон Европската унија.

Коалициските преговори траеја со месеци бидејќи немаше договор за намалување на буџетските расходи, даночна реформа и реформата на пензискиот систем, на што инсистираше Де Вевер со цел да се подобри финансиската состојба во шестата по големина економија во еврозоната.

globe

Слични новости

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Мерц уверува дека е подготвен да ја води Германија во прогрес

Шеесет идеветгодишниот лидер на германските демохристијани доби громогласен аплауз од делегатите, кои на конвенцијата едногласно усвоија „програмата за итна акција“, вклучително и контроверзни мерки за реформирање на законите за миграција

Гренланд забранува странски донации за политичките партии

Гренланд забранува странски донации за политичките партии

Гренланд, кој американскиот претседател Доналд Трамп би сакал да го вклучи во САД поради националната безбедност, има намера да усвои нацрт-закон со кој ќе се забранат странските донации за политичките партии на островот