Еден од најкреативните фудбалери на планетата Мајкл Олисе кој игра за Баерн од Минхен може да биде ѕвезда на следниот рок, бидејќи голем интерес за него покажува Реал Мадрид.

Баерн Минхен не сакаше да го продаде Олисе и се согласи тој догодина да биде најплатен играч на Баерн со плата од 25 милиони евра годишно, наместо сегашните 14 милиони.

Олисе инсистираше и на клаузула во договорот за да може да замине од Баерн. Баварците ја поставија на 200 милиони евра, а Олисе и неговите агенти сметаат дека таа е превисока.

Олисе синоќа лошо одигра за Баерн и беше исклучен на натпреварот со Викинг.

Слични новости

Хамес Родригез се враќа во Колумбија

Хамес Родригез се враќа во Колумбија

Родригез се враќа во татковината по цели 18 години, откако како 17 годишно момче замина од Колумбија во аргентинскиот Банфилд, а потоа во Порто. По Мундијалот 2014 го направи трансферот на кариерата во Реал Мадрид, по што кариерата му тргна во надолна линија.

Скот Мектоминеј успешно опериран, соопшти Наполи

Скот Мектоминеј успешно опериран, соопшти Наполи

Фудбалерот на Наполи Скот Мектоминеј успешно е опериран, откако без поголеми проблеми беше извршена хируршка интервенција на неговото срце, со што е отстранета аритмијата која ја доживуваше последните недели.