Подружница на американскиот гигант за е-трговија „Amazon“ им плати околу 180 милиони евра на италијанските даночни власти и го укина својот систем за следење на испораките со цел да ја затвори истрагата за можна даночна измама и експлоатација на работници, соопштија во петокот извори запознаени со ова прашање.
Во јули 2024 година, италијанската финансиска полиција заплени околу 121 милион евра од италијанската филијала на „Amazon“ како превентивна мерка, по истрагата на државниот обвинител за можна даночна измама и експлоатација на работници.
Обвинителството во Милано се сомневаше дека „Amazon“ нелегално ги препушта операциите за испорака на подизведувачи за да ги сведе трошоците за трудот на минимум и да плаќа помал данок.
Обвинителството во Милано отвори повеќе од десетина слични истраги, сомневајќи се дека DHL, GLS, „Uber“, „Lidl“, BRT, „Geodis“, „Esselunga“, „Securitalia“, UPS, GS, групацијата „Carrefour“ и GXO, исто така, ја користат оваа практика. Така, на почетокот од јули минатата година, тие запленија 84 милиони евра GXO, според извештајот на италијанската новинска агенција ANSA.
Во наредбата за запленување на 121 милион евра од „Amazon“ се наведува дека компанијата не платила ДДВ, пензиски и здравствени придонеси.
Италијанските власти во соопштението изјавија дека извршиле „сложена даночна измама“ преку „нелегален механизам за фактурирање на „непостоечки работни места, со договори со подизведувачи“.
Механизмот предизвикува значителни загуби за италијанскиот буџет, додека продолжува да ги експлоатира работниците во полза на „Amazon Italia Transport“, се вели во соопштението.
„Аmazon“ сега им платил околу 180 милиони евра на италијанските даночни власти, приклучувајќи се кон групата од околу 30 компании кои решиле слични случаи во последните две години. Вкупниот платен износ изнесува повеќе од милијарда евра, според судски документ во кој увид имал Reuters.
„Ја објаснивме нашата позиција на надлежните органи, кои ги почитуваа високите стандарди на нашиот модел на соработка со партнерите за испорака“, се вели во соопштението на „Amazon“.
Слични новости
Цените на храната паднаа и во ноември
Цените на храната паднаа и во ноември, трет месец по ред, со значително намалување на цената на млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации
РКЕ ги намали надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на електрична енергија
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година
Благ раст на европските берзи
На европските берзи, индексите пораснаа во претпладневното тргување во петокот, најмногу благодарение на растот на цените на акциите во рударскиот сектор, додека инвеститорите внимателно чекаат нови податоци за инфлацијата во САД


