Научниците на Аљаска предупредија на зголемена сеизмичка активност на вулканот Монт Спур, а околу 1.500 помали земјотреси околу вулканот доведоа до деформацијата на теренот близу вулканот.
Научникот Дејвид Фри од Вулканската опсерваторија на Аљаска истакна дека станува збор за значаен пораст на земјотреси, со оглед на фактот што просечно во близина на вулканот годишно се забележуваат околу 100 помали потреси.
Фри, сепак рече дека изако станува збор за зголемен број на потреси, тоа не значи дека ќе дојде до ерупција, укажувајќи на слични настани од 2004-2006 кои не доведоа до ерупција.
Монт Спур, на околу 129 километри од Енкориџ, последен пат еруптираше во 1992, исфрлувајќи облак на пепел 19 километри во воздухот.
Слични новости
Кинеските астронаути поставија светски рекорд во вселенска прошетка
За време на вселенската прошетка, кинеската мисија требаше да постави штитови на вселенската станица за да ја заштити од вселенски отпад и да прегледа различни инструменти
Повторно одложено враќањето на двајца астронаути на NASA на Земјата
Повторно е одложено враќањето на Земјата на двајца астронаути на американската вселенска агенција NASA, кои моментално се наоѓаат на Меѓународната вселенска станица (ISS), соопшти агенцијата
Американската морнарица му оддаде признание на Том Круз за улогата во „Топ Ган“
Американската морнарица му додели специјална цивилна награда на холивудскиот актер Том Круз за „зголемување на регрутирањето на пилоти“ со неговата улога како поручник Пит „Маверик“ Мичел во „Топ Ган“