Познатиот африкански фудбалер и капитен на селекцијата на Мали Ив Бисума потпиша договор на една година со Ајакс, со опција договорот да биде продолжен за уште една година.
Бисума во 2022 дојде во Тотенхем од Брајтон за сума од 30 милиони фунти, но поради честите повреди малку играше за Тотенхем, па клубот од Лондон не му понуди нов договор на Бисума, кој во Ајакс дојде како слободен играч.
Бисума има 30 години, добро играше на Светското првенство во фудбал, а за него беа заинтересирани голем број на клубови.
Слични новости
Интер сака да го купи крилото на Арсенал Мартинели
Интер сака да го ангажира и крилото на Арсенал и на бразилската репрезентација Габриел Мартинели, кој сезонава доколку остане во Лондон ќе му биде резерва на Гркот Христот Цолис кој дојде во Арсенал од Бриж.
Ференцварош го победи Трабзон, Бенфика подобра од Архус
Фудбалерите на унгарски Ференцварош синоќа на гости го победија турскиот тим Трабзон со 1:0 во првиот меч од квалификациите за Лига Европа. Единствениот гол на натпреварот го постигна Закаријасен во 17. минута од натпреварот.
Хулијан Алварез одбива да тренира во Атлетико Мадрид
Хулијан Алварез го извести клубот дека нема веќе да тренира со тимот и дека сака да замине од Атлетико пред крајот на преодниот рок. Навивачите на клубот се свртеа ротив еден од најдобрите играчи, нервозата во Атлетико расте, а Алварез се однесува непрофесионално.