Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека уставните измени треба да се случат што поскоро, и дека тие ќе ја направат разликата меѓу Македонија и Бугарија.

„Можеби уставните измени се во втор или во трет план, но ако се мисли за политичка, развојна и економска стабилност, ние треба да направиме итно решение.

Јас мислам дека оваа решение воопшто не ѝ штети ниту на државата ниту на македонската заедница, бидејќи внесувањето на Бугарите во Уставот, ја прави разликата меѓу македонската и бугарската заедница“.

 

Нема да може веќе во Бугарија десничарски партии да кажат дека во Македонија нема Македонци, и дека сите се Бугари“ изјави Ахмети.

Ахмети смета дека со уставните измени македонскиот народ добива и дека секое задоцнување не е добро, затоа што може да се искористи од националистички кругови кои не го сакаат просперитетот на Македонија.

Слични новости

Третина од населението во Македонија страда од обезност

Третина од населението во Македонија страда од обезност

Станува збор за сериозна хронична болест поврзана со над 200 коморбидитети, вклучително кардиоваскуларни заболувања, дијабетес тип 2 и други состојби и затоа е значајно подигнување на јавната свест за овој глобален предизвик