ДУИ избра нови претседатели на локалните ограноци, како и нови партискиски функционери на седница на Претседателството на партиијата, по конгресот што се одржа викендов.
Шеф на кабинетот на Ахмети ќе биде Фатон Ахмети, а портпарол на партијата ќе биде Арта Биљали Зендели.
Избрани се нови претседатели на локалните ограноци.
– Советник на претседателот Ахмети за односи со Соединетите Американски Држави ќе биде Шемседин С. Бекири. Во согласност со одредбите на статутот што го усвоивме на конгресот во саботата, именувани се и претседатели на ограноците на ДУИ. За Тетово е именуван Бајрам Реџепи, за Куманово Ридван Асани, за Струга Фатон Положани, за Гостивар Валдет Џафери и за огранокот во Чаир, Бујар Османи – изјави по седницата портпаролката Арта Биљали Зендели.
Таа не даде коментар за изјавите од министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој рече дека Ахмети живее во филмот од пред 20 години, ниту на претседателот на СДСМ Венко Филипче дека нема да дозволи на никој начин да се уништи Македонија.
– Ние сме на првиот состанок на претседателството на Централниот одбор и со оглед на тоа што сме фокусирани во понатамошното развивање на Демократската унија за интеграција, јас би претпочитала да ги оставам тие одговори и реакции на Муцунски и Филипче на нив, не би сакала да коментирам – рече Биљали Зендели.
Слични новости
Tошковски: Ако е дозволено 50 км/ч „Безбеден град“ ќе регистрира прекршок од 57 км/ч
Отстапките, односно толеранцијата на камерите од системот „Безбеден град“, ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај останатите полициски радари, појасни министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тоа значи толеранција од 6 километри на час за брзини до 100 км/ч
СДСМ бара истрага од ОЈО за загубите во ЕСМ, каде завршија 100 милиони евра
СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага за загубите од 100 милиони евра и да утврди одговорност.
Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател
По два месецa од конституирањето, Советот на Општина Струга сѐ уште не може да избере претседател, известува охридската ТВМ


