„Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право господин Груби го има во одлуката на Стејт департментот и тој сигурно нема да му наштети ниту на неговиот политички субјект (ДУИ), ниту на неговото семејство, до моментот кога овој процес ќе добие финална разврска“.
Ова денеска го изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети на новинарско прашање дали доколку му се утврди вина, Груби ќе биде отстранет од партијата.
Тој рече дека Груби е совесен и одговорен и дека нема потреба партијата да го отстрани, туку дека тој сам ќе се повлече од сите партиски функции.
„Господинот Груби е член на ДУИ, личност која четири години ја водела Владата на Република Северна Македонија. Секој член на ДУИ има обврска, без разлика на која функција се наоѓа, на повисоките или пониските нивоа да ги спроведе платформата и избирачката програма на ДУИ“, рече Ахмети.
Слични новости
Македонскиот пасош на 34. место меѓу патните исправи на 133 земји во светот
Пасошот на Македонија се наоѓа на 34-то место заедно со Ел Салвадор, Гватемала и Тајван. Македонскиот пасош овозможува непречен влез без виза во 80 држави, додека пак во 50 држави се добива виза по пристигнување.
Скопје утрово е најзагадениот град во Европа
На листата најзагадени градови во светот прв е Делхи, потоа следуваат Лахор, Акра, Дака, Кабул, а потоа е Скопје. Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот „IQAir“, главниот град на Македонија утрово е најзагаден град во Европа.
Најстудено во Берово, најтопло во Дебар
Во седум часот, висината на снежната покривка во сантиметри изнесувала 33 на Попова Шапка, 24 – Маврови Анови.