Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш се одземени околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месои подготовки од месо кои денес ќе бидат уништени.

Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).

Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.

 

Слични новости

Мицкоски во Њујорк разговарал со државниот секретар на САД Марко Рубио

Мицкоски во Њујорк разговарал со државниот секретар на САД Марко Рубио

Во Њујорк разговарав со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио.Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави.

Во понеделник нова вонредна дератизација во Центар

Во понеделник нова вонредна дератизација во Центар

Општина Центар во понеделник повторно ќе спроведе вонредна дератизација на повеќе локации во општината, откако зголемено присуство на глодари било забележано и покрај тоа што претходната акција била спроведена пред само еден месец.