Камерун ја победи Јужна Африка со 2:1 во осминафиналето на Африканскиот куп на нациите во Рабат и обезбеди четвртфинална средба со домаќинот Мароко.

Петкратниот шампион Камерун се покажа како премногу силен на стадионот „Ел Барида“ продолжувајќи го својот од кон титулата во Купот на нациите за да го надомести неуспехот да се квалификува за овогодинешното Светско првенство во Северна Америка.

Головите на Џуниор Чамадеу (34) од Стоук Сити и тинејџерскиот напаѓач на Баер, Кристијан Кофане, ја обезбедија победата за „Нескритливите лавови“, иако мораа да се борат да спречат пресврт во финишот, бидејќи Јужна Африка го намали заостанувањетот преку замената на Орландо, Евидис Макгопа, на две минути пред крајот.

 

Претходно во неделата Брахим Дијаз го постигна својот четврти гол за Мароко на Африканскиот куп на нациите за да ги одведе домаќините во четвртфиналето со победа од 1:0 над Танзанија во осминафиналето во Рабат.

Во многу напнат натпревар, Мароко доминираше во поседот на топката, но и Танзанија имаше неколку шанси, а Симон Мсува и Фејсал Салум пропуштија одлични шанси за источноафриканската селекција, при резултат 0:0. Капитенот на Мароко, Ашраф Хакими, ја погоди стативата во 60. минута а само четири минути подоцна му ја додаде топката на Дијаз од десната страна на шеснаесетникот, а играчот на Реал Мадрид постигна гол од мртов агол кога повеќето очекуваа центаршут. Голот на Дијаз им обезбеди на Мароканците пласман во четвртфиналето и средба со Камерун на 9 јануари.

globe

Слични новости

Денвер го победи на гости Сан Антонио во дербито на вечерта со нов трипл дабл на Никола Јокиќ

Денвер го победи на гости Сан Антонио во дербито на вечерта со нов трипл дабл на Никола Јокиќ

Никола Јокиќ го забележа својот 26-ти трипл дабл оваа сезона со 31 кош, 20 скокови и 10 асистенции, а Џамал Мари постигна 39 коша, од кои повеќето во второто полувреме кога Денвер направи преврт.