Германскиот производител на автомобили Ауди мора да спроведе сеопфатно ресtруктурирање за да остане конкурентен на глобалниот пазар, изјави денеска финансикиот директор на компанијата Ауди Јирген Ритерсбергер, откако беа објавени слаби резултати за првото полугодие во 2026.

Групацијата Ауди во чиј состав се и Ламборгини, Бентли и Дукати, во првите шест месеци од оваа година оствари приход од 29,2 милијарди евра, што е за 10 проценти помалку во однос на минатата година, пренесе Ројтерс.

Главните причини за падот на продажбата на возила се слабите резултати на два клучни светски пазари во Кина и во САД.

Слични новости

Цените на нафтата повторно растат, Трамп порача дека нема да се извини

Цените на нафтата повторно растат, Трамп порача дека нема да се извини

Фјучерсите на нафтата Брент порасна за 1,45 долари за барел и достигнаа цена од 88,52 долари за барел, додека цената на американската лесна нафта ВТИ порасна за 1,14 долари за барел и се продава за 82,40 долари за барел.