Новак Ѓоковиќ (АТП – 5.) стигна до своето осмо полуфинале на Мајами опен со победата од 6:3, 7:6 (4) над Американецот Себастијан Корда (АТП – 25.), а негово прво по 2016 година, кога последен пат го освои трофејот на овој турнир.
Во мечот кој траеше 83 минути, Ѓоковиќ погоди дури 83 отсто од своите први сервиси и погоди 11 асови, па истакна дека неговиот сервис на овој меч беше неговиот најдобар удар, тој што го трасираше патот до неговата победа. Корда водеше со 3-0 во вториот сет, а при 5-3 го пропушти сервисот за осовјување на втората делница на мечот.

Со 37 години и 10 месеци, Ѓоковиќ стана најстариот полуфиналист во историјата на турнирите од серијата Мастерс 1000, од реорганизацијата извршена од АТП турнејата во 1990 година. Тој, исто така, го подобри својот рекорд по бројот полуфиналиња на ова ниво на турнирот. Сега ги има 79.
Најуспешниот тенисер на сите времиња има уште две победи во Мајами за освојување на 100-та титула во кариерата, која ја чека од ланскиот триумф на Олимписките игри во Париз.
За пласман во финалето, Ѓоковиќ ќе игра против Бугаринот Григор Димитров (АТП – 15.), со кого има 12-1 во директните мечеви на АТП и Грен-лем турнирите. Единствената победа на Димитров беше во 2013 година на турнирот на земјена подлога Мастерс 1000 во Мадрид.
Во другото полуфинале, Чехот Јакуб Меншик го чека победникот од последниот четвртфинален меч меѓу Американецот Тејлор Фриц (АТП – 4.) и Италијанецот Матео Беретини (АТП – 30.).
Слични новости
Чаби Алонсо останува на кормилото на Баер Леверкузен
Шпанскиот фудбалски стручњак 43-годишниот Чаби Алонсо, за кого некои медиуми шпекулираа дека ќе го преземе Реал Мадрид ова лето, останува на кормилото на Баер Леверкузен
Голема мешаница во Минеаполис, седуммина исклучени
Голема мешаница, кошкања меѓу кошаркарите на Минесота и Детроит, го одбележа дуелот во „Таргет Центар“, на кој домашните Тимбервулфс на крајот победија 123:104
Меншик го освои првиот трофеј, Ѓоковиќ остана на 99 титули
Чешкиот 19-годишен тенисер Јакуб Меншик е изненадувачки победник на АТП Мастерс 1000 турнирот во Мајами, победувајќи го Србинот Новак Ѓоковиќ со 7-6 (4), 7-6 (4) во неделното финалеи и така го остави без стотата титулата во кариерата