Аргентинскиот 26-годишен тенисер Франциско Серундоло и 18-годишниот Бразилец Жоао Фонсека ќе се борат за титулата победник на турнирот на земјена подлога АТП 250 во Буенос Аирес.

Прво, Фонсека стигна до своето прво финале на АТП турнирите победувајќи го српскиот претставник Ласло Ѓере со 7-6 (3), 5-7, 6-1, а потоа Франциско Серундоло го победи Шпанецот Педро Мартинез со 6-2, 6-4 и стигна до своето шесто во кариерата, а второ финале во Буеност Аирес, каде исто така играше за трофејот во 2021.

Серундоло во недела ќе игра за својата четврта титула, а прва по триумфот во Стела Марис во хрватски Умаг минатиот јули, победувајќи го Италијанецот Лоренцо Музети во тричасовното финале.

globe

Слични новости

Почнува судскиот процес против обвинетите за смртта на Марадона

Почнува судскиот процес против обвинетите за смртта на Марадона

Повеќе од четири години по смртта на Диего Армандо Марадона, во вторник започнува судењето на седум здравствени работници обвинети за небрежност што потенцијално доведе до смрт на аргентинската фудбалска икона