Фудбалерите на Атлетико Мадрид на „Олимпискиот стадион“ во Монжуик ја совладаа Барселона со 2:1 и со оваа победа се искачија на врвот на шпанската Ла Лига со три бода повеќе и натпревар помалку од каталонскиот тим.

Родриго де Пол во 60 и Александар Сорлот во шестата минута од судискоото продолжение на мечот му ја донесоа првата првенствена победа на Диего Симеоне на гостински терен кај Барселона, со головите од два добро изведени контранапади. Барселона поведе во 30. минута со голот на Педри.

Каталонците на овој натпревар ги предводеше Маркус Сорг, помошникот на Ханси Флик, кој го пропушти овој натпревар поради суспензија. Барселона беше исклучително доминантна во посед (62 – 38 отсто), и создаваше прилики, но поради непрецизноста на своите играчи, поради одбраната на капитенот на Атлетико, Јан Облак, домаќините не успеаја да постигнат повеќе од еден гол.

За разлика од нив, тимот на Симеоне дојде до победата со два одлично изведени контранапади. Во 60. минута Родриго де Пол имаше помош од Касадо, невнимателно со петица одлично му ја остави топката на работ од шеснаесетникот, а аргентинскиот играч за врска со прецизен удар го погоди долниот лев агол.

Во последната минута од судиското продолжение сѐ започна со погрешно додавање на Рафиња кон шеснаесетникот на Атлетико и успешно беше избегната офсајд стапицата на домашните. Сорлот прецизно го искористи одличниот центаршут на Молина и му донесе голема победа на својот тим со својот осми лигашки гол.

Ова е веќе трет последователен пораз на Барселона на „Олимпискиот стадион“, од кој пред Атлетико бодови земаа екипите од долниот дел на табелата Лас Палмас и Леганес.

Атлетико Мадрид собра 41 бод на 18 натпревари и новата календарска година ќе ја дочека на врвот на табелата. Барселона има 38 бода од 19 настапи, а Реал Мадрид има 37 бодови на 17 натпревари.

globe

Слични новости

ФИФА ќе разгледа еднократно проширување на 64 репрезентации за Светското првенство во 2030.

Светското фудбалско раководно тело ФИФА ќе ја разгледа можноста за проширување на Светското првенство во 2030 година на 64 селекции за да ја одбележи стогодишнината од спортскиот настан

Нејмар повикан во репрезентацијата по една година

Нејмар повикан во репрезентацијата по една година

Бразил го повика напаѓачот на Сантос Нејмар за квалификациите за Светското првенство овој месец против Колумбија и Аргентина по повеќе од една година, објави во четвртокот Бразилската фудбалска конфедерација