На крајотод зимскиот преоден рок Атлетико Мадрид заврши со дури 4 засилувања на составот. Спортскиот директор на Атлетико Матеу Алемани успеа да го убеди Адемола Лукман да одбие повеќе пари од Фенербахче и да дојде во Атлетико Мадрид. Клубот од Мадрид ќе плати 35 милиони евра за Лукман веднаш и уште 5 милиони низ бонуси.

Од Аталанта доаѓа играчот за врска Едерсон кој ги договори личните услови со Атлетико, кој ќе и исплати на Аталанта 50 милиони евра обештетување за играчот.

Во Атлетико дојде и Маркос Леонардо од Ал Хилал. Бразилецот во Европа дојде од Сантос во Бенфика за 22 милиони евра, но Бенфика веднаш го продаде на Ал Хилал за 40. Бразилецот даде 14 голови на 24 натпревари во Ал Хилал и ќ биде силно засилување.

Последното засилување е талентираниот Мексиканецот Обадо Варгас кој ќе почне да игра за Атлетико следната сезона.

Слични новости

Денвер го презеде петтото место на Западот по тешка победа против Торонто

Денвер го презеде петтото место на Западот по тешка победа против Торонто

Денвер Нагетс утринава ги победија Торонто Рапторс со 121:115 и се искачија на петтото место во исклучително компетитивната Западна конференција на НБА лигата. Натпреварот беше решен во последната минута во која двата тима влегоа со ист број на кошеви.