Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.

Алексеев е првиот заменик-шеф на руската воена разузнавачка служба ГРУ и беше ставен под европски санкции откако оваа агенција беше обвинета за напад со нервен агенс во Англија во 2018.

Тој имаше значајна улога и во војната во Украина, при што учествуваше во разговорите со Украина за време на руската опсада на Мариупол и подоцна преговараше со шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгени Пригожин.

Засега не е познато кој стои зад нападот врз Алексеев. 

 

Слични новости

Венс: Документите за Епстин покажуваат колку се американските елити трули и инцестуозни

Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс остро ја осуди, какошто ја нарече „инцестуозната природа на американските елити“, откако Министерството за правда на САД објави нова серија документи поврзани со починатиот сексулаен престапник Џефри Епстин.

Преговои во целосна тајност: Москва, Киев и Вашингтон преговараат во Абу Даби зад затворени врати

Денеска во Абу Даби се одржува нова рунда од руско-украинските преговори со посредство на Вашингтон зад затворени врати, објавуваат руските медиуми. Извори во руската делегација изјавија дека новинарите не се повикани да ги следат разговорите и дека тие ќе се одржуваат во целосна тајност.

Илон Маск прогласи почеток на нова граѓанска војна во САД

Американскиот милијардер Илон Маск оцени дека масовните протести против постапките на имиграциската полиција на САД „ИЦЕ“ се сигнал дека во земјата започна „нова граѓанска војна“, пренесуваат американските медиуми.