Високиот генерал во руската војска Владимир Алексеев е застрелан неколкупати и ранет во Москва. Генерал-полковникот Алексеев беше превезен во болница веднаш по нападот во станбена зграда во северозападниот дел на градот и неговата состојба е непозната.
Алексеев е првиот заменик-шеф на руската воена разузнавачка служба ГРУ и беше ставен под европски санкции откако оваа агенција беше обвинета за напад со нервен агенс во Англија во 2018.
Тој имаше значајна улога и во војната во Украина, при што учествуваше во разговорите со Украина за време на руската опсада на Мариупол и подоцна преговараше со шефот на платеничката група „Вагнер“, Евгени Пригожин.
Засега не е познато кој стои зад нападот врз Алексеев.
Слични новости
Се урна американски воен авион во Ирак
Американски воен авион за полнење на гориво КС-135 се урна во западен Ирак. Четворица од шестемина членови на екипажот загинаа, а по преостанатите двајца сеуште се трага.
Вашингтон употреби една од шесте најмоќни бомби за напад врз нуклеарен комплекс близу Техеран
Според проценките на експертите во нападот врз бункерите се користени бомбите ГБУ-57, кои се исклучително моќни бомби од конвенционалните муниции, а обично се носат на стратегиските бомбардери Б-2.
Иран ги засилува нападите врз танкерите со нафта
Најмалку едно лице е убиено во напад врз два танкери за нафта во Персискиот Залив, соопштија ирачките власти. Танкерите беа погодени во близина на пристаништето Ум Каср во јужен Ирак.


