Милвоки Бакс (со скојр 36-25) ја остварија најубедливата победа во синоќешните натпревари во НБА лига, совладувајќи ги Далас Маверикс со 137:107 на нивниот „Фисерв Форум“, а Јанис Адетокумбо му се приклучи на клубот играчи кои имаат постигнато најмалку 20.000 поени во текот на кариерата во НБА.
Најдобриот грчки кошаркар за помалку од 25 минути постигна 32 поени и 15 скока, достигнувајќи вкупно 20.010 поени и стана 52-от играч во историјата на НБА лигата кој ја надминал границата од 20.000 поени. Само пет играчи кои го постигнаа ова пред Адетокумбо беа помлади од 30-годишниот Грк, а сите тоа се великаните Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Коби Брајант, Вилт Чембрлејн и Мајкл Џордан.
Адетокумбо е третиот европски кошаркар кој ја мина границата од 20.000 поени, придружувајќи им се на Дирк Новицки (31.560) и Пау Гасол (20.894).
Најдобар стрелец на Бакс во победата над Далас беше Демијан Лилард со 34 поени, а Кевин Портер Џуниор со 10 поени, 11 скока и 14 асистенции го оствари третиот „трипл-дабл“ во кариерата, прв во дресот на Милвоки. Претходните два ги постигна како играч на Хјустон.
Стрелците на Далас ги предводеше Клеј Томпсон со 28 поени, а Наџи Маршал искомбинираше 22 поени и 11 скока.

Кливленд Кавалирс (52-10) е првиот тим што обезбеди пласман во овогодинешниот НБА плејоф, победувајќи ги Мајами Хит со 112:107 на домашен терен. Ова е 12-та последователна победа за Кливленд во актуелната сезона, а до неа Кавалирс ги предводеше Донован Мичел со 26 поени, седум скока и пет асистенции. Де’Андре Хантер и Еван Мобли постигнаа по 16 поени, кои имаа и 13 скока, а Дариус Гарланд оствари и „дабл-дабл“ со 15 поени и 10 асистенции.
Со 34 поени, 12 скока и пет асистенции, Бам Адебајо беше најдобриот играч во ослабениот тим на Хит, кој поради болест и повреди остана без Тајлер Херо, Хамес Јаскез Џуниор, Никола Јовиќ, Кел Вер и Ендрју Вигинс. И покрај тоа, гостите успеаја да ја намалат негативата од 17 поени од втората четвртина и да поведат седум поени на средината на последната четвртина од натпреварот.
Мајами во последните 2:55 минути влезе со минимално водство (107:106), но Кливленд тргна во завршната серија од 6:0 и ја обезбеди 52-та победа сезонава.
Пејтон Причард имаше голема вечер во „ТД Гарден“, поставувајќи два лични рекорда постигнувајќи 43 поени и 10 „тројки“, а притоа впиша и 10 асистенции во победата на Бостон Селтикс со 128:118 над Портланд Трејл Блејзерс. Причард беше будно следен од Дерик Вајт, кој вечерта ја заврши со 41 поен, а Џејлен Браун ги пополни статистичките колони со 18 поени, осум скока и осум асистенции, па отсуството на Џејсон Тејтум, Кристапс Порзингис и Џру Холидеј не се почувствува во тимот на актуелните шампиони.
Стрелците на Портланд ги предводеа Енферни Симонс со 30 поени, Шедон Шарп постигна 25, а Џабари Вокер постигна 22 поени.
Водечкиот тим во Западната конференција, Оклахома Сити Тандер (51-11) го обезбеди врвот со петтата последователна победа (120-103), оствари на гостински терен против Мемфис Гризлис и ја продолжи борбата со Кливленд за најдобар учинок во регуларниот дел од сезоната. Шаи Гилџеус-Александер ги предводеше гостите со 41 поен и осум асистенции. Значаен придонес имаше Џејлен Вилијамс со 20 поени и девет асистенции, а центарот Исаја Хартенштајн имаше „дабл-дабл“ учинок од 10 поени и 15 скока.
Џа Морант беше најдобар стрелец на Мемфис со 24 поени и шест асистенции, додека Дезмонд Бејн и Скоти Пипен Џуниор постигнаа по 15 поени.
Мемфис (38-24) падна на четвртото место на Западот со четвртиот последователен пораз, а Гризлис ги прескокна Денвер (40-22) со победата од 116:110 на домашен терен против Сакраменто Кингс. Нагетс во четвртата четвртина се вратија од негатива од девет поени, дозволувајќи им на гостите само 17 поени во тој дел од играта (32-17).
Никола Јокиќ го предводеше избалансираниот домашен тим со 22 поени, 15 скока и шест асистенции. Најдобар стрелец беше Расел Вестбрук со 25 поени, а Џамал Мареј постигна 24 поени и осум асистенции. Мајкл Портер Џуниор оствари „дабл-дабл“ со 13 поени и 12 скока.
Кингс сѐ уште се без Домантас Сабонис, а најдобар играч на овој меч беше Демар Дерозан со 35 поени, шест скока и пет асистенции. Зак ЛаВин постигна 20 поени, а Јонас Валанчиунас имаше 19 поени и 13 скока.
ЛА Клиперс (33-29) го искористија поразот на Сакраменто (32-29) и со победата на домашен терен (123:115) против Детроит Пистонс, ги прескокнаа Кингс и го зазедоа осмото место на Западот, каде екипите од шестото до десеттото се наоѓаат на три победи.
Кај Детроит блескаше Џејмс Харден со 50 поени. Тоа е негов 24-ти натпревар во НБА со 50 или повеќе поени, но прв во дресот на Клиперс. Заедно со него, уште двајца играчи имаа двоцифрен учинок: српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ постигна 23 поени, а хрватскиот центар Ивица Зубац оствари уште еден „дабл-дабл“ со 22 поени и 11 скока.
Кај Пистонс најдобар беше Кејд Канингем со 37 поени и 10 асистенции, а Денис Шредер постигна 21 поен, седум асистенции и шест скока.
Во дуелот меѓу екипите на дното на поредокот на Истокот и Западот, Вашингтон Визардс (12-49) го совладаа гостувањето Јута Џез (15-47) со 125:122. Седум двоцифрени играчи за победничкиот тим ги предводеше Кишаун Џорџ со 23 поени и седум скока, додека Алекс Сар додаде 21 поен.
Кај гостите најдобар стрелец беше Џони Јузанг со 27 поени и седум скока, додека Кајл Филиповски забележа 23 поени и 13 скока.
Една од двете гостински победи синоќа остварија Минесота Тимбервулвс кои славеа во Шарлот со 125:110. Ентони Едвардс и Џејден МекДаниелс постигнаа по 29 поени, а вториот имаше и 10 скока, додека Џулиус Рендл беше на прагот на „трипл-дабл“ со 25 поени, 10 скока и девет асистенции.
Стрелците на домашните Хорнетс ги предводеа ЛаМело Бол со 28 поени и 10 скока и Мајлс Бриџис со 23 поени и девет скока.

Слични новости
Ливерпул – ПСЖ вечерва е најинтересната пресметка за влез во четвртфиналето на Лигата на шампионите
Менаџерот на Ливерпул Арне Слот изјави дека неговиот тим вечерва треба да го изигра најдобриот натпревар во сезоната за Ливерпул да се најде во четвртфиналето на Лигата на шампионите
Убедлива победа на Денвер на гости кај Оклахома во дербито меѓу првиот и вториот тим на западот
Денвер постигна импресивни 140 поени против најдобрата одбрана во лигата предводен од Никола Јокиќ со 36 коша и 18 скокови
Бразилецот Едерсон веројатна ѕвезда на летниот преоден рок
Пеп Гвардиола веќе го потцрта неговото име во својот бележник, но нема да биде лесно да се оствари тој трансфер