Фудбалерот на Астон Вила и репрезентативец на Шведска Виктор Линделоф го продолжи договорот со англискиот клуб до јуни 2028, соопшти тимот од Бирмингем.

Во соопштението се наведува дека Астон Вила ја искористила опцијата за продолжување на договорот на шведскиот фудбалер за уште една година.

Линделоф кој има 32 години, дојде во Астон Вила минатата година, а претходно играше за Манчестер јунајтед, Бенфика и Вестерос.

Шведскиот фудбалер за Астон Вила одигра 43 натпревари.

Слични новости

Тесна победа на Денвер во Мемфис

Тесна победа на Денвер во Мемфис

Кошаркарите на Денвер утринава на гостински терен го победија Мемфис со 123:118, со што ја забележаа петтата победа на последните седум меча.