Асмир Јахоски, син на пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски кој е сопственик на компанијата Пуцко Петрол се наоѓа во притвор во затворот во Шутка.
Откако обвинителството се жалеше на куќниот притвор Кривичниот суд вчера на јавна седница ја преиначи одлуката и му додели притвор на Јахоски кој веќе е обезбеден од органите на прогон и се наоѓа во затворот во Шуто оризари.

Јахоски е еден од осомничените во истрагата за злоупотреба на тендер за набавака на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино.
Кривичниот суд ја преиначи мерката за куќен притвор на Јахоски и определи мерка притвот од 30 дена поради опасност од бегство и можно попречување на истрагата со влијание врз сведоци.
Со истрагата се опфатени и Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственици на РКМ, екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство и поранешениот секторски директор во ЕСМ, Ардијан Муча, како и уште 8 други лица кои учествувале во спроведувањето на набавките.
Слични новости
Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани
Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
Најмалку 50 жртви во пожар во дискотека во Кочани
Изминатата ноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувнал пожар во кој, според информации на Министерството за внатрешни работи за медиумите, има најмалку 50 загинати
Филипче: заканите на премиерот за протести се оксиморон
Заканите на премиерот дека ќе се случел народ на судството е порака дека тој признава судство само по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту...