Повеќе од две децении по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок состав Архангел официјално се враќа со нова музика.

Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје.

Објавувањето на „Дни оловни“ претставува вовед во новото музичко поглавје на бендот пред средбата со публиката. На концертот, покрај генерациските хитови од досегашната дискографија, Архангел премиерно ќе изведат и дел од новите композиции во живо.

Слични новости

„Ѓаволот носи Прада 2“ се очекува да зарботи 175 милиони долари на премиерниот викенд

„Ѓаволот носи Прада 2“ се очекува да зарботи 175 милиони долари на премиерниот викенд

„Ѓаволот носи Прада 2“ долгоочекуваното продолжение со Мерил Стрип. Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи се очекува да домминира викендов на Бокс офисот, а предвидувањата се дека филмот ќе заработи меѓу 70 и 75 милиони долари во САД и над 100 милиони долари глобално.