Универзал Мјузик Груп потврди дека ќе продаде три проценти од своето учество во Спотифај, зделка која е вредна 1,4 милијарди долари, базирано на проценките на вредноста на Спотифај на 29 април.

Благодарение на Тејлор Свифт, голем дел од артистите што се дел од Универзал Мјузик Груп ќе заработат пари од оваа зделка.

Ова се должи на фактот што кога Универзал Мјузик Груп преговараше со Тејлор Свифт во 2018 да се приклучи на најмоќната музичка групација, таа бараше ваков тип на договор.

Тејлор Свифт изјави дека договорот со УМГ околу правата за музичарите на Спотифај е нејзиниот најважен договор во животот.

 

Слични новости

Мисијата „Артемис II“ на половина пат до Месечината

Мисијата „Артемис II“ на половина пат до Месечината

Екипажот на мисијата „Артемис II“ на НАСА се наоѓа на половина пат до Месечината, откако успешно ја напушти орбитата на Земјата и продолжи кон својата цел. Леталото „Орион“ моментално се наоѓа на повеќе од 228.000 километри од Земјата, а астронаутите ја одбележаа оваа пресвртница со голема радост.