Менаџерот на Арсенал Микел Артета изјави дека доаѓањето на Бруно Гимараеш ќе му помогне на лондонскиот клуб да го подигне нивото на играта.

Арсенал во саботата и официјално го потврди трансферот на бразилскиот репрезентативец Гимараеш од Њукасл за 75 милиони фунти, а тој им беше представен и на навивачите пред пријателскиот натпревар со Борусија Дортмунд.

Арсенал освен Бруно Гимараеш, летово го донесе и грчкиот фудбалер Христос Толис од Клуб Бриж и сакаше да го ангажира и Винисиус Жуниор, но бразилецот сепак остана во Реал Мадрид.

Сепак Артета најави дека Арсенал нема да се откаже од амбициозни планови на трансфермаркетот и ако се појави играч кој може да ги унапреди, Арсенал ќе биде заинтересиран да се засили.

Слични новости

Хулијан Алварез одбива да тренира во Атлетико Мадрид

Хулијан Алварез го извести клубот дека нема веќе да тренира со тимот и дека сака да замине од Атлетико пред крајот на преодниот рок. Навивачите на клубот се свртеа ротив еден од најдобрите играчи, нервозата во Атлетико расте, а Алварез се однесува непрофесионално.

Тотенхем со силни засилувања во преодниот рок

Де Зерби е посебно заинтересиран за крилниот напаѓач на Манчестер сити Савињо, а медиумите пренесуваат дека Тотенхем се обидува да ги доведе во пакет Савињо и Омар Мармуш од Манчестер сити.

Пејтон Вотсон замина од Денвер за Кливленд, а Денвер не доведе ниту еден играч во размената

Пејтон Вотсон замина од Денвер Нагетс и заврши во Кливленд Кавалиерс во договоор во кој беа вклучени три клуба. Нагетси добија незаштитен пик од првата рнда на драфтот во 2031 од Кливленд како и пик од втората рунда од Сакраменто во 2032, без да добијат ниту еден играч во замена за Вотсон.