Тренерот на Арсенал МИкел Артета изјави дека во вчерашниот натпревар против Манчестер сити неговата екипа пропушти шанса да направи голем чекор кон освојување на титулата, но дека и натаму верува во успех.

„Имавме голема шанса да победиме и бевме блиску, но пропуштивме. Кога нема да ги искористите шансите, а тие имаат квалитет, тоа е ризикот, затоа што потоа го губите натпреварот. Има уште пет кола до крајот и мора да се ресетираме“ порача Артета.

Арсенал во следното коло игра против Њукасл, а Сити веќе во среда игра против Барнли и ако победи со два гола разлика ќе го преземе првото место на табелата.

Слични новости