Тренерот на фудбалерите на Арсенал Микел Артета изјави денеска дека е оптимист пред мечот со ПСЖ. Тој рече дека Тимбер е спремен да игра на натпреварот, а дека не може да смета на Бен Вајт.
Артета рече дека има огромна мотивација кај неговите фудбалери кои ќе се обидат да го освојат пехарот во Лигата на шампионите, што би испишало нова страница во историјата на клубот кој досега никогаш не ја освоил Лигата на шампионите.
Артета рече дека ПСЖ е фаворит како бранител на титулата, но дека неговиот тим заслужи да биде во финалето и има шанса за победа, бидејќи добро се подготвени за ПСЖ.
Слични новости
Детроит направи брејк во Кливленд израмни на 3:3 и се избори за мајсторка на домашен терен
Детроит повторно победи во натпревар кој Американците го означуваат како „победи или оди си дома“, откако во претходната серија со Орландо победи на 3 такви натпревари и се врати од 1:3.
Светското првенство во фудбал под ризик да се игра на потенцијално опасни температури, велат научниците
Десетици натпревари на Светското првенство во фудбал во 2026 година би можеле да се играат во потенцијално опасни услови со високи температури, предупредува нова анализа на климата.
Валенсија го декласираше Панатинаикос и се пласираше на Фајнал-форот
Кошаркарите на Валенсија за прв пат се пласираа во Фајнал -форот на Евролигата, откако во мајсторката го победија Панатинаикос со 81:64 и со 3:2 во победи се пласираа во завршницата на натпреварувањето.


