Тренерот на фудбалерите на Арсенал Микел Артета изјави денеска дека е оптимист пред мечот со ПСЖ. Тој рече дека Тимбер е спремен да игра на натпреварот, а дека не може да смета на Бен Вајт.

Артета рече дека има огромна мотивација кај неговите фудбалери кои ќе се обидат да го освојат пехарот во Лигата на шампионите, што би испишало нова страница во историјата на клубот кој досега никогаш не ја освоил Лигата на шампионите.

Артета рече дека ПСЖ е фаворит како бранител на титулата, но дека неговиот тим заслужи да биде во финалето и има шанса за победа, бидејќи добро се подготвени за ПСЖ.

Слични новости

Голманот на Баерн Минхен Мануел Ноер поради повреда ќе го пропушти натпреварот со Аталанта

Ноер го напушти теренот на полувремето во победата на Баерн Минхен врз Борусија Менхенгладбах, а според последните информации клубот не сака да ризикува посериозна повреда на Ноер.