Поранешниот менаџер на Арсенал Арсен Венгер ја разгледува можноста да се кандидира против Џани Инфантино на изборите за претседател на ФИФА, пренесоа британските медиуми.
Како што пренесува Би Би Си високи функционери на европскиот фудбал со недели лобираат кај Венгер да ја прифати кандидатурата, а Французинот сериозно ја разгледува можноста.
Венгер има 77 години, поради што се поставва прашањето дали може да обезбеди долгорочно раководење со куќата на светскиот фудбал.
Инфантино е под силни критики откако пропадна неговиот план за продажба на комерцијалните удели на Светското првенство на приватни инвеститори.
Слични новости
Вирџил Ван Дајк останува без договор по крајот на сезоната
Капитенот на Ливерпул Вирџил Ван Дајк изјави дека не е загрижен за неговата иднина и покрај тоа што по крајот на сезоната му истекува договорот со Ливерпул.
Јувентус во зимскиот преоден рок купува тројца играчи во обид да ја спаси сезоната
Речиси е сигурно дека Јувентус нема да може да се бори за титулата и целиот фокус е префрлен на обидо екипата да се врати во Лигата на шампионите.
Астон Вила го продолжи договорот со шведскиот репрезенативец Линделоф до 2028
Фудбалерот на Астон Вила и репрезентативец на Шведска Виктор Линделоф го продолжи договорот со англискиот клуб до јуни 2028, соопшти тимот од Бирмингем.


