Фудбалерите на Арсенал, Њукасл и Ливерпул се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп, а последната четвртфинална двојка е Тотенхем – Манчестер Јунајтед која ќе се соочи во четврток.
Арсенал на својот стадион го победи Кристал Палас со 3:2. Сите три гола за Арсенал ги постигна Габриел Жесус во 54., 73. и 81. минута, додека стрелци за Кристал Палас беа Жан-Филип Матета во четвртата и Еди Нкетија во 85. минута.
Њукасл на домашен терен го победи Брентфорд со 3:1. Стрелци за Њукасл беа Сандро Тонали во 9. и 43. минута и Фабијан Шар во 69. минута, а голот за Брентфорд го постигна Жоан Виза во првата минута од судиското надополнување.
Пласман во полуфиналето обезбеди и Ливерпул кој на гостински терен го победи Саутемптон со 2:1. Головите за Ливерпул ги постигнаа Дарвин Нуњес во 24. и Харви Елиот во 32. минута, додека голот за Саутемптон го постигна Камерон Арчер во 59. минута.
Слични новости
Нов домашен шок за Барселона
Фудбалерите на Барселона вторпат по ред загубија првенствен натпревар на домашен терен, на „Олимпискиот стадион“ во Монжуик, беа поразени со 1:0 од тимот на Леганес во 17. коло на Ла Лига
Серија А: Милан и Џенова одиграа без голови, Комо до победа над Рома со два гола во продолжението
Во последниот натпревар од 16. коло на италијанската Серија А во неделата, фудбалерите на Милан и Џенова одиграа дуел без голови на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано.
Премиер лига: Челзи два бода од Ливерпул, „петка“ на Тотенхем, Јунајтед славеше кај Сити
Челзи пред своите гледачи на „Стемфорд Бриџ“ го победи Брентфорд со 2:1, а Тотенхем со убедливи 5:0 победи на гостувањето кај Саутемптон, во последните два натпревара од неделната програма од 16. коло на англиската Премиер лига