Фудбалерите на Арсенал, Њукасл и Ливерпул се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп, а последната четвртфинална двојка е Тотенхем – Манчестер Јунајтед која ќе се соочи во четврток.

Арсенал на својот стадион го победи Кристал Палас со 3:2. Сите три гола за Арсенал ги постигна Габриел Жесус во 54., 73. и 81. минута, додека стрелци за Кристал Палас беа Жан-Филип Матета во четвртата и Еди Нкетија во 85. минута.

Њукасл на домашен терен го победи Брентфорд со 3:1. Стрелци за Њукасл беа Сандро Тонали во 9. и 43. минута и Фабијан Шар во 69. минута, а голот за Брентфорд го постигна Жоан Виза во првата минута од судиското надополнување.

Пласман во полуфиналето обезбеди и Ливерпул кој на гостински терен го победи Саутемптон со 2:1. Головите за Ливерпул ги постигнаа Дарвин Нуњес во 24. и Харви Елиот во 32. минута, додека голот за Саутемптон го постигна Камерон Арчер во 59. минута.

globe

Слични новости