Фудбалерите на Арсенал, Њукасл и Ливерпул се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп, а последната четвртфинална двојка е Тотенхем – Манчестер Јунајтед која ќе се соочи во четврток.
Арсенал на својот стадион го победи Кристал Палас со 3:2. Сите три гола за Арсенал ги постигна Габриел Жесус во 54., 73. и 81. минута, додека стрелци за Кристал Палас беа Жан-Филип Матета во четвртата и Еди Нкетија во 85. минута.
Њукасл на домашен терен го победи Брентфорд со 3:1. Стрелци за Њукасл беа Сандро Тонали во 9. и 43. минута и Фабијан Шар во 69. минута, а голот за Брентфорд го постигна Жоан Виза во првата минута од судиското надополнување.
Пласман во полуфиналето обезбеди и Ливерпул кој на гостински терен го победи Саутемптон со 2:1. Головите за Ливерпул ги постигнаа Дарвин Нуњес во 24. и Харви Елиот во 32. минута, додека голот за Саутемптон го постигна Камерон Арчер во 59. минута.
Слични новости
Бурнмаут и Вест Хем одиграа без победник
Фудбалерите на Бурнмаут и Вест Хем одиграа нерешено 1:1 во 16. коло од англиската Премиер лига
„Шестка“ на Интер во Рим
Во дербито од 16. коло од италијанската лига, фудбалерите на Интер во Рим го победија Лацио со 6:0
Австрискиот фудбалер Бургшталер нападнат во центарот на Виена
Бургшталер моментално е во болница, а Рапид објави и дека фудбалерот ќе биде надвор од терените неколку месеци