Фудбалерите на Арсенал се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако во реванш натпреварот од четвртфиналето на Емирати ремизираа со Спортинг 0:0.

На Арсенал му беше доволен и нерешен исход, откако победи во првиот натпревар во Лисабон со 1:0.

Клубот од Лондон во полуфиналето ќе игра со Атлетико Мадрид кој беше подобар во двомечот со Барцелона.

Арсенал веќе в недела го очекува големо дерби од Премиер лигата против Манчестер сити кое ќе биде одлучувачко за титулата во Премиер лигата .

Слични новости

Габриел Жезуз сака да се врати во Бразил и да игра за Палмеирас

Габриел Жезуз сака да се врати во Бразил и да игра за Палмеирас

Напаѓачот на Арсенал Габриел Џезуз откри дека секојдневно размислува да се врати во Бразил, во неговиот матичен клуб Палмеирас. Тој рече дека неговата врска со Палмеирас никогаш не била прекината и дека негов сон е повторно да се врати и да игра за бразилскиот клуб.