Фудбалерите на Арсенал се пласираа во полуфиналето на Лигата на шампионите, откако во реванш натпреварот од четвртфиналето на Емирати ремизираа со Спортинг 0:0.

На Арсенал му беше доволен и нерешен исход, откако победи во првиот натпревар во Лисабон со 1:0.

Клубот од Лондон во полуфиналето ќе игра со Атлетико Мадрид кој беше подобар во двомечот со Барцелона.

Арсенал веќе в недела го очекува големо дерби од Премиер лигата против Манчестер сити кое ќе биде одлучувачко за титулата во Премиер лигата .

Слични новости

Ливерпул пред една година имаше дури 20 бодови повеќе отколку во моментов

Ливерпул пред една година имаше дури 20 бодови повеќе отколку во моментов

Ливерпул минатата сезона ја освои титулата и полесно од тоа што се очекуваше, а кога клубот летоска потроши 450 милиони евра на нови засилувања, се веруваше дека Ливерпул повторно ќе биде главен кандидат за освојување на титулата.